Лига на шампиони
Херојот на Сити во големото финале: Бев ужасен во првото полувреме, но Пеп ми го промени менталитетот во соблекувалната!

Манчестер Сити ја комплетираше сезоната од соништата со освоена титула во Лигата на шампионите, прва во историјата на клубот од „Итихад“ кој почна гигантски да расте со Пеп Гвардиола како менаџер.
После сите успеси во Англија и во Премиер лигата, шпанскиот стручњак конечно ја освои титулата во најелитното натпреварување, а овој трофеј му го донесе играчот за кој тој постојано велеше дека е најдобар оваа сезона.
Гвардиола го посочи Родри како најдобар играч на Сити по големата победа над Реал Мадрид, па така судбината посака денеска тој да биде човек на одлука и да го постигне единствениот гол во финалето со Интер кое заврши 1:0.
Шпанскиот репрезентативец стави круна на незаборавната сезона на Сити, но во првото интервју по натпреварот, беше искрен и призна дека бил ужасно лош во првиот дел.
– Ја освоивме Лигата на шампионите, се уште не можам да поверувам. Импресивно е како игравме цела сезона, ова е награда за цела сезона. Да бидам искрен, бев ужасно лош во првото полувреме. Но, на полувремето Пеп ми го промени менталитетот. Ми кажа дека сум лидер и тоа ми ја врати самодовербата. Се боревме до крајот и на крајот од финалето бев буквално мртов.
– Што се однесува до голот, во прв момент мислев да шутирам силно, но потоа само ја пласирав топката, знаев дека така има повеќе шанси да заврши во мрежата. Им благодарам на сите за поддршката, овој ден нема да го заборавам никогаш, – изјави херојот на Сити.
-
Англијапред 22 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 21 час
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 10 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 23 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 24 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 19 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)