Поврзете се со нас

Англија

Херојот на Сити го откри советот на Гвардиола кој донесе резултат на „Виталити“

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Манчестер Сити успеа да дојде до билет за полуфиналето на ФА Купот и тоа со победа на незгодниот терен на „Виталити“ кај Борнмут.

„Граѓаните“ имаа негатива од 1-0 по првиот дел, ама во вторите 45 минута направија пресврт и со головите на Халанд и Мармуш издвојуваа триумф од 2-1 кој ги носи на соочувањето со Нотингем Форест на „Вембли“.

Херој на Сити беше талентираниот Нико О’Рајли кој влезе на стартот на второто полувреме и со својот учинок од две асистенции беше клучот за остварениот резултат.

О’Рајли обелодени дека иструкциите кои ги добил од менаџерот Пеп Гвардиола биле пресудни за да го направи тоа што го направи на денешниот натпревар.

-Инструкциите беа да се вклучам колку што можам повеќе. Добро беше што дадов придонес со двете асистенции. Благодарен сум за можностите што ги добивам од менаџерот и за играњето со најдобрите играчи кои се таму, -порача младиот фудбалер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни