Европски првенства
Херојот на Шведска со бурни емоции по драмата во финалето: Не сум плачел вака ниту како дете (Видео)

Шведска имаше повеќе херои на Европското ракометно првенство кое го заврши на најпосакуван можен начин, бидејќи „викинзите“ со вчерашната победа во финалето над Шпанија стигнаа до првата континентална титула по пауза од цели две децении.
Швеѓаните ја детронизираа Шпанија од титулата европски првак и славеа во крајно драматична завршница, во која улогата на трагичар му припадна на Канељас, а херои беа двајца играчи на тимот предводен од селекторот Глен Солберг.
Екберг ја презема одговорноста и го постигна клучниот пенал за победа по истекот на регуларните 60 минути, но во текот на мечот главен херој беше голманот Паличка кој сосема заслужено беше избран и за играч на мечот.
Искусниот голман доста емотивно ги доживеа сите моменти по големата победа, па во интервјуто за шведската телевизија признал дека бил шокиран од сите случувања во изминативе три недели.
– Се бориш цела кариера, победуваш, губиш, се подигнуваш и паѓаш. Мислам дека се разболев од количината на емоции кои ги чувствувам. Чувството е неверојатно, мислам дека сум на раб од шок после се што се случи. Ниту како дете не сум плачел како денес, бидејќи не можев да сонувам дека ова ќе ми се случи во животот, – изјавил емотивниот Паличка.
🔊🏆 @hlandslaget 🇸🇪#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/xAINEhaaZp
— EHF EURO (@EHFEURO) January 30, 2022
-
Англијапред 21 час
Уште еден играч си заминува од „Олд Трафорд“
-
Шпанијапред 18 часа
Сестрата на Роналдо се навреди од ироничната порака на Перез и дрско му одговори на Инстаграм (Фото)
-
Англијапред 17 часа
Фабрегас се исповеда: Го погодив Фергусон со пица бидејќи ми беше страв да влезам во тепачката!
-
Германијапред 14 часа
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Англијапред 12 часа
Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне
-
Шпанијапред 17 часа
Барди се прости од Леванте како голем џентлмен и со крајно емотивни зборови: Сакав да биде поинаку…. (Фото)
-
Светпред 11 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда
-
Шпанијапред 19 часа
Леванте и Трабзон го потврдија трансферот на Барди: Благодариме, ти посакуваме огромен успех