Поврзете се со нас

Лига на нации

Херојот на Шкотска со урнебесна реакција: Го однесе својот тим на Европско, но чекаше потврда од судијата! (Видео)

Објавено

на

Српската фудаблска репрезентација им приреди огромно разочарување на фудбалските фанови во оваа земја, откако изминатава вечер не ја искористи предноста од домашен терен во бараж финалето со селекцијата на Шкотска.

Шкотлаѓаните допатуваа како аусајдери на гостувањето во Белград, но многу брзо стана јасно дека ќе бидат тврд орев, што на крајот се покажа во регуларните 90 минути игра, а потоа и во дополнителните 30 по кои се изведуваа пенали.

Имено, гостите предводени од селекторот Стив Кларк беа многу блиску до победа уште во регуларниот дел, но во 90-та минута Лука Јовиќ израмни на 1:1 и го сврте мечот во корист на домашната селекција.

Србија беше далеку поактивна во дополнителните 30 минути игра, но откако Шкотланѓаните издржаа, во пенал рулетот улогата на херој ја презема голманот Маршал.

По девет успешно изведени пенали, редот дојде на Александар Митровиќ, но напаѓачот на Фулам беше „прочитан“ од Дејвид Маршал. Голманот на Дерби Каунти се истакна како херој на Шкотска која за првпат ќе игра на еден голем турнир по пауза од 1998 година, a откако се стави крај на чекањето кое траеше повеќе од две децении, Маршал стана и вирален хит поради својата реакција.

Имено, откако го одбрани пеналот, само Маршал беше играчот кој не се радуваше, па додека неговите соиграчи тргнаа накај него, тој чекаше зелено светло од главниот судија Лахоз дека се е во ред и дека не направил престап при интервенцијата (не го напуштил голот предвреме).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни