Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Херојот на „кралевите“: Ќе дадам гол против Ливерпул во финалето

Објавено

на

Реал Мадрид со вкупни 6-5 го совлада Манчестер Сити и обезбеди пласман во големото финале на Лигата на шампионите каде ќе ги одмери силите со Ливерпул.

„Кралевите“ повторно со еден супер пресврт дојдоа до голем триумф, пресврт кој го направија во самата завршница кога беа пред елиминација. Џокерот Родриго даде два голави 90+ со што го однесе дуелот во дополнителни 30 минути во кои шпанскиот преставник доби пенал кој го искористи Бензема за триумф од 3-1 и пласман во наредната фаза.

Еден од хероите дефинитивно беше Бразилецот Родриго кој пак уште од сега вети дека ќе даде гол против „црвените“ во Париз.

-Се обложив со татко ми дека ќе постигнам три гола, но дадов само два. Еден ми фали, тоа ќе го направам во финалето. Со овој дрес се може да се случи, се бориме до крај. Вистината е дека немам зборови да опишам што се случи. Бевме скоро мртви. Господ ми помогна.

-Ова беше еден од најсреќните денови во мојот живот, на професионален план. Да можете да влезете и да ја промените играта, да дадете два гола. Среќен сум. Беше уште една магична ноќ на Бернабеу, како што е секогаш. Публиката секогаш ни помага, на необјаснив начин, -истакна Родриго кој доби порака и од неповторливиот Пеле.

-Отсекогаш знаев дека ќе дојде денот да ти честитам, пријателе. Нема друг начин за оние кои напорно работат и го сакаат тоа што го работат. Ти си просветлен и ќе ни донесеш многу радости, Родриго. Честитки Реал Мадрид! Едвај чекам да ве гледам во финалето, -порача Пеле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни