Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Херојот на Баерн се пофали со пласманот во полуфинале, Крос го истрола пред двете пресметки со Реал (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Џошуа Кимих се врати да игра на својата природна десна бековска позиција во последните два месеци и мора да се признае дека се врати во својата препознатлива форма, а вчера доби и убедливо највисока оценка од сите играчи кои беа на теренот на „Алијанц арена“.

Кимих беше нерешлива енигма за офанзивците на Арсенал, но се покажа како вистинска напаст и за дефанзивците, бидејќи токму Џошуа го постигна голот со кој Баерн победи и се пласираше во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Иако имаше доста проблеми при составувањето на идеалниот тим, Томас Тухел го пронајде вистинскиот рецепт за победа и ги одведе баварците меѓу четирите најдобри, а таму ќе ги чека двомеч со најтрофејниот клуб во Европа.

Реал Мадрид против Баерн Минхен е вистински фубалски класик во Европа со децении наназад, а Тони Крос реши да го истрола токму Кимих кој се пофали со пласманот во полуфиналето преку социјалните мрежи.

– Посети фризер пред полуфиналето, – му порача Тони на својот соиграч од репрезентацијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни