Поврзете се со нас

Лига Европа

Херојот на Аталанта: Сите мислеа дека сме осудени на пропаст…

Објавено

на

foto:twitter.com/Atalanta_BC

Аталанта успеа да оствари сензационален резултат во пресметката со Ливерпул, победа од 3-0 на „Енфилд Роуд“, победа со која широко си ги отвори вратите кон пласман во полуфиналето на Лига Европа.

Клубот од Бергамо влезе со два порази во овој меч (Фиорентина и Калјари), па многумина ги отпишаа и главното прашање беше само со кој резултат ќе бидат надиграни од Ливерпул. Меѓутоа се случи сосема спротивното, избраниците на Гасперини го шокираа фаворитот и сега со голема самодоверба ќе го дочекаат реваншот, но и сите предизвици до крајот на сезоната.

Еден од хероите на Аталанта беше напаѓачот Џанлука Скамака кој беше автор на првите два гола во 38 и 60 минута.

-Ова е фантастична ноќ, сите мислеа дека сме осудени на пропаст, но ние верувавме во себе од самиот почеток, среќни сме, но не чека реванш. Се обидовме да го прифатиме што е можно помирно, храбро излеговме на теренот. Ваквите подвизи се случуваат како тим, а не како поединци, да не беа моите соиграчи, немаше да ги имам тие шанси, -рече Скамака и додаде:

-Ова се голови за Аталанта, главната цел е да му помогнеме на тимот да победи на натпревари и да напредува. Ова е патување кое започна во август, имаше тешки времиња, но кога веруваш во нешто, на крајот добиваш награда. Оваа вечер бевме наградени и тимски и поединечно, -заклучи повремениот италијански репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни