Херојот на Астон Вила се израдува на првиот гол во Премиер лигата, а потоа дозна дека тој не е стрелецот (Видео)

esri-kosan

Многумина сметаа дека вистински херој на Астон Вила оваа вечер е младиот стопер Езри Конса, бидејќи 22-годишниот дефанзивец се израдува на погодокот кој се чинеше дека тој го постигна во судиското надополнување од мечот со Вотфорд.

Со овој гол, Астон Вила осигура исклучително драгоцена победа од 2:1, а за младиот Конса ова требаше да значи прв гол во англиската Премиер лига, нешто што подоцна излезе дека не е така. Деталните анализи покажаа дека Тајрон Мингс ја допрел топката додека истата патуваше кон голот, па погодокот во 95-та минута му беше препишан на него.

Езри го дозна ова за време на интервјуто со „Скај Спортс“, а неговата реакција за одземениот премиерен гол во Премиер лигата е и повеќе од искрена…..

Facebook Коментари