Херојот Манџукиќ го издвои најголемиот квалитет на Хрватска по пласманот во историското финале

mandzo-anglija1

Марио Манџукиќ се покажа како херој во незаборавното полуфинале по кое Хрватска за првпат во совјата историја обезбеди пламан во едно големо финале на Светските првенства, погодок кој напаѓачот на Јувентус сигурно ќе го памети до крајот на својот живот.

Манџукиќ ја искористи невнимателноста на Англичаните и во 109-та минута постигна гол со кој го отвори патот на Хрватите до големото финале, натпревар во кој тимот на Далиќ за противник ќе има уште еден силен тим, селекцијата на Франција.

Херојот Манџо не се плаши ниту од силните Французи, порачувајќи дека најголем квалитет на Хрватите е тоа што се борат на теренот како лавови.

– Ова е неверојатно, ние едноставно не сме свесни што направивме. Ова е чудо, но од друга страна и не е чудо. Ова го можат само големите тимови, да бидете волку храбри и да се вратите против една Англија. Да одиграте еден ваков турнир со срце. Сакам вакви натпревари и секогаш сакам да се истакнам кога треба. Уживаме во ова, играме како лавови, уживаме на теренот и така ќе биде и во финалето. Тоа е наш најголем квалитет, – гласи првата изјава на Манџукиќ по победата над Англија од 2:1.

Facebook Коментари