Македонија
Херој на викендот: Играч на Охрид влегол во езерото и спасил три малолетни давеници!

Фото: ГФК Охрид Лихнидос
Речиси сите возбудувања во фудбалска Македонија се резервирани за утрешниот ден кога се играат натперварите од Првата лига, но уште пред истите да бидат одиграни, добивме херој на викендот на нашата спортска сцена.
Охрид Лихнидос утре ќе го одигра последниот подготвителен меч против Велешта во пресрет на сезоната во Втората лига која продолжува следниот викенд, а во најавата за оваа пресметка, ни пристигна една неверојатна вест од Охрид.
Фудбалерот Един Мерсовски имал херојски чин во моментите кога одел на вообичаениот тренинг закажан од Охрид, бидејќи спасил три млади давеници кои биле во Охридското езеро во зимски услови.
– Најпрво мислевме дека играат и покрај тоа што е чудно ова време во вода да се капат, но многу брзо сфатив дека нешто не е во ред. Многу луѓе кои се шетаа по кејот застанаа и гледаа. Од обала се гледаше дека се обидуваат да испливаат, но дека не можат. Веднаш скокнав по нив. Како ги влечев ги подавав на другарите да ги извлечат од водата, – открива Мерсовски за „news1.mk“.
Дечињата биле малолетни и на возраст од 8 и 9 години, а влегле во езерото откако едно нивно другарче се лизнало од пристаништето и паднало во водата.

- Европски првенствапред 23 часа
УЕФА го менува планот, ЕП може да се одржи само во една држава
- Англијапред 24 часа
Баји со уникатен одговор за вечната дебата: Меси или Роналдо? Јас ќе кажам Рамос
- НБАпред 22 часа
Ирвинг: Коби треба да биде новото лого на НБА лигата (ФОТО)
- Лига на шампионипред 21 час
Фердинанд му ги посочи двете најголеми закани на Гвардиола во Лигата на шампионите
- Светпред 16 часа
Панучи: Освоив се во Милан, но само еден клуб е „фудбалски Холивуд“!
- Лига на шампионипред 19 часа
Лазаров беше најдобар против европскиот шампион, Нант испушти победа во завршницата
- Англијапред 18 часа
Фабрегас го издвои играчот кој менува натпревари во Арсенал: Каква зрелост и каква интелигенција (Фото)
- Светпред 20 часа
Ибра направи разлика меѓу „старата фудбалска школа“ и новата генерација на фудбалери: Одиграле добри пет минути…..