Поврзете се со нас

Европски првенства

Херојoт на Шпанија: Ова можеше да биде финале на ЕП

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Шпанскиот фудбалер Микел Мерино изјави дека очекувал тежок натпревар против Германија во четвртфиналето на Европското првенство.

Тој истакна дека неговиот тим го покажал својот квалитет со победа по продолженијата.

Шпанија поведе во 52. минута со голот на Дани Олмо, а Флоријан Виртц израмни во 89. минута за да се замине во продолженијата. Победата за Шпанија ја донесе Микел Мерино со гол во 119. минута, по додавање на Олмо.

„Очекувавме ваква игра, бидејќи игравме против еден од најдобрите тимови во светот. Ова лесно можеше да биде финале, а секако и мечот се играше на таков начин. Ова беше натпревар на елитни тимови и покажавме дека имаме одличен тим“, изјави Мерино по натпреварот во Штутгарт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни