Херој на денот: Глув тенисер ја оствари првата АТП победа

duckhee-lee

Противниците му се потсмевале, а тој никогаш не помислил да се откаже. Докторите на двегодишна возраст потврдиле дека Дакхи Ли е глув, а денеска 21-годишниот корејски тенисер е среќен што не ги слушал советите да се повлече од играта која најмногу ја сакал.

Вчера, Ли успеал да го победи Швајцарецот Анри Лаксонен со 2:0 во сетови на турнирот во Винстон Салем и полека почнува да го потврдува големиот потенцијал. Фактот што не може да го слуша звукот на топчето и одлуките на судиите го натерало Кореецот да се адаптира следејќи ги знаците кои ги даваат судиите, а со вчерашната победа стана првиот глув тенисер со победа на АТП меч во историјата.

Ли не го знае знаковниот јазик, па на прес-конференцијата волонтер ги преведувал прашањата на сопругата на тенисерот, која потоа му ги пренесувала прашањата на 21-годишниот Дакхи кој добро се снаоѓа во читање од усни.

– Луѓето се потсмеваа на мојот хендикеп, ми велеа дека не треба да играм тенис. Беше навистина тешко, но фамилијата и пријателите ми помогнаа, а јас сакав да докажам дека можам да успеам, – истакнал Ли.

Facebook Коментари