Хербалајф преку врвните спортисти поттикнува здрав начин на исхрана

herbalajf press skopje 2016

Во годината кога компанијата „Хербалајф“ прославува 35 години од своето постоење, поттикот за балансирана исхрана и активен начин на живот беа промовирани на медиумски настан во Скопје.

Оваа глобална компанија за исхрана го посочи научниот пристап во формирањето на производите кои инспирираат позитивен став кон физичката активност, преку започнување на секој ден со здрав појадок и вежби, нудејќи притоа замени за оброци, протеински шејкови и ужини, додатоци во исхраната, специјализирана спортска линија, како и производи за лична нега.

– Горди сме да бидеме препознаени во Македонија како бренд на кој може да му се верува, кој им помага на луѓето на нивниот пат кон подобар, поактивен и здрав начин на живот. Нашите нутритивни производи и додатоци се развиени под надзор на научни лидери и се формулирани со витамини, минерали и други хранливи материи. Нашата „Seed-to-Feed“ посветеност на квалитетот, осигурува дека ги тестираме производите од засадувањето на состојките, преку процесот на преработка во објектите на нашата компанија до дистрибуцијата, со цел да го обезбедиме квалитетот на сите производи на Хербалајф. Особено сме горди да кажеме дека над 200 милиони американски долари се инвестирани во квалитетот и науката на нашите нови објекти, во истражување и развој, во обезбедување на квалитетот, во безбедност на производите и нивна усогласеност, од 2013 до 2015 година. Овие факти нè прават нас и нашите производи веродостојни,- изјави Нина Себечиќ Црнолатац, директор за Југоисточна Европа во Хербајалф.

Кристијано Роналдо е еден од врвните спортисти кои се промотери на „Хербалајф“, а најавено е дека со взаемна соработка се подготвува нова линија производи кои ќе го содржат и неговиот заштитен знак „СR7“. Листата на имиња кои имаат слични ангажмани со „Хербалајф“ на светско ниво изнесува 190 спортисти, како и поддршка на хуманитарни проекти за добра исхрана на децата кои имаат потреба за тоа.

Facebook Коментари