Поврзете се со нас

АТП

Хенман објаси зошто Ѓоковиќ може да биде поопасен: Освојувањето на златото…

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Новак Ѓоковиќ дојде до златото на Олимписките Игри и со тоа го оствари сонот, резултатот кој му недостасуваше во кариерата.

По настапот во Париз српскиот ас одлучи да не настапи на ниту еден турнир, поточно без соодветни подготовки да тргне на Ју-Ес Опен, последниот грен слем во оваа календарска година.

Меѓутоа според Тим Хенман ова не би требало да биде проблем за Ѓоковиќ, па дури тој очекува Србинот да биде поопасен сега кога е поопуштен.

-Мислам дека Ѓоковиќ, сега кога го освои златниот медал, нема да почне да мисли дека тоа е тоа.  Тој има неверојатна страст за оваа игра. Го сака тоа што го работи и затоа ми се чини дека приказната би можела да оди во сосема поинаква насока отколку што многумина мислат.

-Освојувањето на златото може целосно да го ослободи, сега може да помисли дека ги има освоено сите најголеми турнири и дека отсега игра за љубов, за своја душа. Тој би можел да игра целосно растеретено на Ју-Ес Опен каде сигурно ќе бара да освои уште една грен слем титула.

-Сето ова може да биде многу потешко за неговите конкуренти бидејќи тој ќе игра послободно и се додека е здрав и фит, сигурен сум дека може да освои повеќе големи трофеи. Без притисокот да не го освои златото, тој би можел да биде уште поопасен и полесно да ги победи Синер или Алкарас, -порача Хенман кој до Енди Мари беше најдобар британски тенисер.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни