АТП
Хенман: Ѓоковиќ израсна како аутсајдер, не би се обложил на Надал и Федерер

Некогашниот најдобар британски тенисер, Тим Хенман даде свој коментар за трката за најголемиот, најквалитетниот рекет на сите времиња.
Многу се зборува на оваа тема, некои сметаат дека секоја ера е посебна и не може да се споредува едно со друго време, некои пак зборуваат, дебатираат за тројката Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ кои се тенисерите со најмногу освоени грен слем титули.
Швајцарецот и Шпанецот во моментов се на врвот со 20 пехари, додека пак Ѓоковиќ кој е помлад од нив е на бројката од 17 триумфи на најзначајните турнири.
-Кога ќе ја погледнете оваа ера, генерацијата на Федерер, Надал и Ѓоковиќ, рекордите што ги поставија, тоа е неверојатно, -започна Хенман.
-Мислам дека тоа е мотивирачки фактор за сите нив, а особено за Ѓоковиќ. Некако израсна како аутсајдер и во таа улога долго време се бореше против Федерер и Надал. Новак сака да сруши дел од рекордите. Федерер и Надал се враќаат, но не би се обложил дека нема да ги престигне, -заклучи Хенман кој освои 11 АТП титули во кариерата, а највисокиот пласман му беше четвртото место на ранг листата.

- Англијапред 23 часа
Овен и Бербатов согласни: Ливерпул нема да го победи Јунајтед во дербито на колото во ПЛ
- Светпред 24 часа
Арсенал конечно се ослободи од Месут Озил, фудбалерот утре потпишува за својот нов тим
- Италијапред 20 часа
Лацио го доби големото дерби, Ана го исполни ветувањето и се соблече гола (ФОТО)
- Англијапред 21 час
Салах: Кој ќе ја освои титулата во Англија? Ситуацијата е…
- НБАпред 22 часа
Адетокумбо постави анти-рекорд, Лејкерс дојде до петтата победа во низа (ВИДЕО)
- Одбојкапред 17 часа
Одбојкарите повторно покажаа „спартанско срце“: Македонија ја надигра Турција и се пласираше на ново ЕП!
- Светски првенствапред 16 часа
Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет
- НБАпред 22 часа
Никако да заврши кошмарниот период за ѕвездата на Минесота: Ви ветувам дека нема да завршам во ковчег (ФОТО)