Хенман: Едно финале е подобро од ова што го одиграа Ѓоковиќ и Федерер

henman-mikrofon

Тим Хенман беше миленик на публиката на Вимблдон пред и британски број еден пред да се појави Енди Мари, но за разлика од Шкотланѓанецот кој знае какво е чувството да се освои најпрестижниот тениски турнир, поранешниот тенисер како најголем дострел го имаше полуфиналето.

Хенман дури во четири наврати губеше во полуфиналињата на турнирот каде добиваше максимална поддршка, а бидејќи добро ја познава поновата историја на најголеми шампиони на Вимблдон, Англичанецот сега даде една интересна изјава за последното финале кое го одиграа Федерер и Ѓоковиќ.

– Искрено, мислам дека ова не беше последна шанса за Федерер за освојување на грен слем турнир. Он и натаму игра на така високо ниво, не е мудро да го отпишеме од нов трофеј. Секако дека нема да игра засекогаш, но мислам дека сите треба да бидат свесни во едно. Треба да уживаме во неговата игра додека е уште од професионалниот тенис. Неодамнешното финале против Ѓоковиќ е едно од најдобрите на сите времиња. За мене, сепак подобро беше она меѓу Надал и Федерер од 2008-ма година. Тоа беше малку подобро со оглед на прикажаниот квалитет и играта од двајцата, но ова е веднаш зад тоа на второто место, – коментира Хенман и додава.

– Ќе биде навистина интересно да се следи расплетот. Ѓоковиќ е шест години помлад и времето е на негова страна. Со оглед на тоа како игра во овој момент, воопшто нема да ме изненади ако го престигне Федерер по бројот на освоени грен слем титули, – заклучи Британецот.

Facebook Коментари