Поврзете се со нас

Германија

Хенес за невообичаениот период на Баерн: Клубот не е навикнат на вакво нешто

Објавено

на

Foto:fcbayern.com/en

Ули Хенес се повлече од директорската позиција во Баерн Минхен, но и натаму останува голем фан со уште поголемо влијание врз потезите кое ги влече актуелното раководство.

Во последното интервју за германски медиум, Хенес зборувал на интересни теми, вклучувајќи го и фактот што Баерн последните години направи многу тренерски смени.

– Тоа вообичаено не е добар знак, бидејќи Баерн е клуб кој секогаш посакувал континуитет и стабилност.

– Секогаш кога сме работеле долго со еден тренер, имало резултати. Така беше и со Гвардиола, со Хајнкес, Хицфилд и останатите. Во моментов ја немаме таа стабилност, а истовремено се зголемија и очекувањата.

– Порано кога ќе станевме германски шампиони беше голема еуфорија, а сега ако ја немаме обезбедено титулата до Велигден, таа веќе е прогласена за катастрофа. Исто така, претерување е да се очекува Баерн секоја година да биде полуфиналист во Лигата на шампионите.

– Бевме пресреќни кога во 2001 година стигнавме до европската титула, затоа што чекавме 25 години за тоа. И кој и да го опишува тој успех, не смее да заборави дека ние бевме единствен клуб кој зад себе нема некој патрон, држава, олигарх или тајкун, – изјавил Хенес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни