Хенес стравува од Дортмунд: Ние сме аутсајдери, не можете да…

henes

Овој викенд во германската Бундеслига се игра големото дерби меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, дерби во кое „милионерите“ ќе влезат од првата позиција на табелата со четири бода предност на ривалот од „Алијанц Арена“.

Овој распоред на табелата за многумина е изненадување, меѓутоа актуелниот шампион не игра на посакуваното ниво и губи бодови пред се на домашен терен, односно од можните 15 има освоено само 8. Поради овие киксеви и се што се случува, Баерн падна во втор план, па пред популарното дерби „Дер Класикер“ интересна изјава даде претседателот Ули Хенес кој фаворитската улога му ја препушти на домашниот тим.

-Не можете да одите во Дортмунд и да кажете дека сакате да ги обезбедите трите бода. Ние не одиме во Дортмунд како фаворити, туку за прв пат по долго време како аутсајдери. Мораме да одиграме добар натпревар и потоа да видиме што ќе се случи, -рече Хенес.

Натпреварот Дортмунд-Баерн се игра в сабота во термниот 18:30 часот.

Facebook Коментари