Поврзете се со нас

Германија

Хенес се збогуваше со легендарниот Даум: Никогаш не избегнуваше битка, така се однесуваше и со тешката болест

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/bayer04fussball

Германскиот фудбал загуби уште едно големо име, откако Криштоф Даум денеска ја загубил битката со тешката болест.

Поранешниот трофеен фудбалер и тренер починал на 70-годишна возраст како последица на долгата борба со ракот на белите дробови, а информацијата ја потресе германската фудбалска јавност која годинава веќе се збогуваше и со легенди од типот на Франц Бекенбауер и Андреас Бреме.

Даум како фудбалер настапуваше за Келн, но многу повеќе успеси постигна како тренер, најпрвин на овој клуб, а потоа и како предводник на Штутгарт и Баер Леверкузен, како и уште неколку тимови надвор од Германија.

За време на својата професионална кариера често имаше жестоки дуели со Ули Хенес, но двајцата ги подобрија односите и станаа пријатели уште пред неколку години.

– Даум никогаш не бегаше од кавга во својот живот, но одамна се смиривме и веста за неговата смрт ме погоди силно. Се бореше храбро против болеста и охрабруваше многу луѓе со отворениот пристап на својот проблем. На крајот не можеше да ја добие најважната битка, но германската фудбалска сцена засекогаш ќе го памети како човек кој давал максимум за сите околу него и за клубовите во кои работел, – истакнал Хенес.

Даум му донесе шампионска титула на Штутгарт во 1992 година, со Баер Леверкузен дури три сезони завршуваше на второто место во Бундеслигата, а освојуваше титули како тренер и во Турција и Австрија.

Даум беше многу блиску и до селекторската функција во својата земја, но аферата со користење кокаин ја откажа федерацијата од идејата да го назначи за предводник на националниот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни