Хенес се повлекува од Баерн по 40 години

henes-1

Ули Хенес решил да се повлече од претседателската функција во Баерн Минхен, со што става крај на една долга и успешна ера на германскиот клуб, – објави вечерва „Билд“.

По 40 години како дел од раководните структури на баварскиот гигант, Хенес во ноември нема да се кандидира да остане на својата функција, а најверојатно ќе се повлече и од позицијата во Надзорниот одбор на клубот. Хенес настапуваше за Баерн од 1970 до 1979 година, за веднаш по пензионирањето да стане комерцијален директор во германскиот клуб.

Најсериозен кандидат за наследник на фудбалската легенда на највисоката позиција во Баерн е Херберт Хајнер, актуелниот потпретседател во Надзорниот одбор и поранешен прв човек на „Адидас“.

Facebook Коментари