Поврзете се со нас

Германија

Хенес откри зошто без размислување ги шутнал Салихамиџиќ и Кан: Направија нешто што е неприфатливо!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Ули Хенес ја извршува улогата на почесен претседател во Баерн Минхен и е важен член на надзорниот одбор, но во пракса, тој е главниот шеф во клубот и ги носи сите најважни одлуки за изгледот на Управниот одбор и директорските позиции.

Хенес пред неколку дена го врати својот стар познаник Карл Хајнц Румениге и легендарниот Кале нагласил дека едноставно не можел да го одбие Ули, кој само неколку дена претходно донесе тешка и радикална одлука.

Еден час по освоената титула во Бундеслигата, Баерн Минхен ги отпушти Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан, а за оваа одлука најмногу се прашувал Хенес кој претходно беше човекот кој најмногу ги штитеше спортскиот и извршниот директор.

По смирувањето на тензијата, Хенес во интервју за „Süddeutsche Zeitung“ детално открива зошто морал да ги отпушти двајцата, кои на крајот на месец март донеле одлука без да известат ниту еден човек од раководството.

– Јас се погрижив Хасан и Оливер лично да дознаат за отказите од нас. Се потрудивме тие да дознаат и пред играчите. На крајот си одат поради лошите одлуки кои ги донесоа, едноставно мораше да заврши вака.

– Ниту јас, ниту претседателот Хајнер не бевме известени за отказот кој се спрема за Јулијан Нагелсман, тие го одлучиле тоа на своја рака. Тоа беше неприфатливо. Брацо застана пред мојата канцеларија и ми кажа нешто во што не можев да поверувам. Ми порача дека сакаат да го направат тоа и дека веќе одлучиле. Значи, без консултација и без знаење со врвот на клубот ја донеле таа одлука. Вистина е дека требаше да бидеме критички настроени за последните резултати на Нагелсман, но да го отпуштите тренерот на 10 дена пред мечот со Борусија, тоа е сосема погрешно. Исто така, ако инсистирате на отказ, тоа мора да се изведе потполно коректно и дискретно , – вели Хенес, алудирајќи на тоа дека Нагелсман за отказот дозна од новинарите.

– За жал, таа нивна одлука беше донесена без никакво влијание од луѓето во врвот. Сепак, ќе нагласам дека и Нагелсман не смееше да отиде на скијање по поразот од Леверкузен. Заврши така како што заврши, Брацо и Оливер мораа да си заминат без оглед на исходот во Бундеслигата, – потенцира Ули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни