Поврзете се со нас

Свет

Хенес: Нема место за Крос во денешниот фудбал

Објавено

на

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес директно го нападна Тони Крос кој одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера по Европското првенство.

Германците ја минаа групата на смртта, ама потоа беа елиминирани во првата нокаут рунда од страна на Англија која славеше со 2-0 на „Вембли“. По ова Крос одлучи да ја заврши приказната со националниот тим за кого настапи на 106 натпревари во изминативе 11 години.

Хенес го анализираше настапот на Германија и го посочи Крос како еден од виновниците притоа порачувајќи дека за играчот на Реал Мадрид нема место во денешниот фудбал.

-Првите два натпревари во квалификациите за СП беа прилично пристојни со четворица во одбраната, потоа се врати на тројца, тоа беше целосно непотребно. Зошто? Затоа што Лев сакаше да го интегрира Крос. Да игравме со Кимих, Горецка и Милер во средниот ред, Гнабри и Сане на крила и Хаверц напред денеска ќе бевме во сосема друга позиција. Јас сум 100% сигурен во тоа.

-Ми се допаѓа Крос, тој прикажуваше настапи од светска класа во минатото. Тој беше одличен за Баерн – но неговиот начин на игра е целосно готов. Тој повеќе не одговара на денешниот фудбал. Губиме со 1-0 од Англија, а Крос ниту еднаш не ја мина половината на теренот. Играше странично, па повторно странично, сè додека противничката одбрана не се организираше.

-Фудбалерите на Баерн се супер самоуверени момци кои имаа голем збор со Ханси Флик. Знам дека тие беа тотално незадоволни од ситуацијата, од тактиката на Лев. Сепак, тоа го прифатија. Не разбирам, такви не ги познавам.  Требаше да кажат „Крос повеќе не се вклопува во овој фудбал со неговата странична игра“. Нашиот фудбал се игра вертикално. Топката се игра напред цело време, -истакна Хенес.

Ова допре до Тони, па тој ги искористи социјалните мрежи да го „поздрави“ Хенес.

-Ули Хенес е човек со големо познавање на фудбалот (иако не беше доволно за РТЛ), со мал интерес за полемика и целосно во мир со себе. Слично како човекот кој се грижи за неговото зеленило, -порача Тони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни