Поврзете се со нас

Германија

Хенес јавно го прозва Тухел: Тие изјави не се паметни

Објавено

на

Foto:fcbayern.com/en

Ули Хенес е почесен претседател на Баерн Минхен и се уште е дел од најважните одлуки кои ги повлекува клубот, па така тој беше оној кој реши да им се врачат откази на Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ веднаш по крајот на минатата сезона.

Томас Тухел не беше избор на популарниот Ули и тој тоа го нагласи веќе во неколку наврати, а на легендарниот шеф на Баерн полека почнаа да му сметаат и дел од изјавите на тренерот кој го донесоа токму Кан и Брацо.

Во најновото интервју за „РТЛ“, Хенес јасно го прозва и опомена тренерот на првиот тим на Баерн, кој по крајот на летниот преоден рок се жалеше дека има мал состав и недоволен број на фудбалери во средниот ред.

– Таквите изјави се како празник за медиумите, а особено служат како храна за таблоидите. Некои директори, заедно со тренерот дадоа изјави кои не се баш паметни.

– Никогаш не би направил тимот да се чувствува лошо со тоа што ќе кажам дека составот е прекраток. Кога ќе ги погледнете играчите кои ги имаме на клупата секој викенд, не може да кажете дека имаме „тенок“ состав, – потенцира Хенес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни