Поврзете се со нас

Германија

Хенес ја нападна Барселона: Испраќаат милионска понуда за Левандовски, а имаат долг од …

Објавено

на

Foto:fcbayern.com/en

Ули Хенес како поранешен претседател на Баерн Минхен искористи уште едно јавно излагање за да испрати напад кон Барселона, особено во ситуација кога каталонскиот гигант се обидува да го привлече Роберт Левандовски во своите редови.

Поранешниот мандатар на баварскиот великан не може да сфати како клуб кој е задолжен повеќе од една милијарда евра може да испраќа милионски понуди за врвни фудбалери, правејќи уште една споредба што ќе било со Барса доколку била дел од фудбалскиот ситем во Германија.

– Барселона сака да го ангажира Левандовски, а пред само шест месеци имаше долг од 1,3 милијарда евра. Сигурно имаат виртуози и уметници чим се извадиле од таков долг. Во Германија веќе ќе мораа да објават банкрот, но сега тие исраќаат милионски понуди за играч на Баерн.

Во интервјуто за „РТЛ“, Хенес го коментирал и последното големо засилување на Баерн кое пристигна од редовите на Ливерпул, Сенегалецот Садио Мане.

– Нашата позиција како клуб е јасна, Левандовски има договор до 2023-та година и го купивме Мане за да ја зголемиме конкуренцијата, но и квалитетот во нашиот тим. Трансферот на Садио не значи дека сме се откажале од некој актуелен играч во тимот, – завршува Хенес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни