Хенес ги разреши сите дилеми за иднината на Левандовски во Баерн

lewa-wolf

Првиот човек на германскиот шампион Баерн Минхен, Ули Хенес ги разреши дилемите и испрати конкретна порака околу иднината на напаѓачот Роберт Левандовски.

Полскиот репрезентативец од 2014 година е дел од „баварците“, клуб во кој се наметна како клучен играч, играч без кој едноставно не може да се замисли напаѓачката линија. Меѓуто Левандовски го промени агентот и го ангажираше искусниот Пини Захави со цел да си замине од „Алијанц Арена“, бидејќи едноставно смета дека потребен му е нов предвизвик во кариерата.

Сепак за тоа се прашува и Баерн кој пак за ова има тврд и прецизен став, поточно нема намера да се откаже од него. Воедно бундеслигаш ги демантираше информациите дека тие поставиле одреден услов и цена од 200 милиони евра за Левандовски за негово заминување.

-Цената од 200 милиони евра е апсурдна. Роберт нема да биде продаден и ќе игра за нас следната сезона, -порача претседателот Хенес.

Facebook Коментари