Поврзете се со нас

Шпанија

Хенес: Барселона е речиси банкротирана, да беше во Германија……

Објавено

на

Ули Хенес во интервјуто кое го направи за „радио Баерн 1“ откри дека своевремено сонот на Давид Алаба бил да игра за Барселона, а не за Реал Мадрид, но со оглед на тоа што главниот фокус на разговорот беше мега пресметката која вечерва се игра на „Камп Ноу“, почесниот претседател на баварците излезе со искрен коментар за состојбата на каталонскиот великан.

Барселона е во сериозни финансиски проблеми и поради тоа не можеше да му понуди сигурен и достоен договор на Лионел Меси за продолжување на соработката, но иако самите луѓе во клубот признаваат дека ситуацијата е навистина тешка, Хенес тврди дека Барса практично е пред банкрот, но луѓето во Шпанија имаат многу поголема толеранција за вакви клубови.

Поранешниот мандатар на Баерн потенцира дека Барселона во минатото бил клуб кој претставувал пример за германскиот првак, но не и во ваква ситуација.

– Барселона веќе не е моделот на клуб кој го следиме. Порано беа пример за нас, но во последните години, работите многу се сменија во тој клуб

– Барселона практично е пред банкрот, да беше во Германија, Барса веќе ќе беше извадена пред стечаен судија и ќе беше класичен случај за несолвентно работење, – потенцира Хенес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни