Хендрикс ја доби битката со Стојановски во Турција

vojdan

Војдан Стојановски со Бујукчекмече доживеа пораз од Ричард Хендрикс и Галатасарај (86-77) во денешниот меч од 21. коло во турскиот шампионат.

Гостите беа подобри од три од четирите периоди, ги добија во своја полза двете полувремиња и ја прокнижија 9 сезонска победа. Токму натурализираниот Македонец, Хендрикс беше најдобар поединец и лидер кај победниците со дабл-дабл учинок од 16 поени, 12 скокови, 1 блокада и 3 украдени топки.

Стојановски за домаќините уфрли 12 поени со 3 скока и исто толку асистенции.

Facebook Коментари