Англија
Хендри посочи зошто Погба е „избришан“ од топ клубовите во Премиер лигата
Пол Погба се надева и верува дека 2025 ќе биде година која ќе му донесе голема радост, година во која ќе направи идеален кам-бек на терените и ќе може да покаже дека конечно го има оставено лошиот период зад него.
Кризата на Французинот почна по трансферот во Манчестер Јунајтед каде не го достигна нивото кое се очекуваше, имаше доста падови за да на крајот потпише за Јувентус, потег кој исто не го даде посакуваниот резултат прво поради повредите, а потоа и поради суспензијата за допинг.
Од месец март тој ќе може да се врати на терените со тоа што останува неизвесно каде ќе ја продолжи кариерата како слободен агент. Според некогашниот англиски репрезентативец и екс ѕвезда на Астон Вила, Ли Хендри тоа сигурно нема да биде Англија или поточно врвните клубови од Премиер лигата и тоа поради една причина-големиот багаж.
-Нема никаков сомнеж дека Погба секогаш имал талент, нели? Мислам дека другата страна на тоа е она што доаѓа со тој талент. Тоа се ситуации надвор од теренот во кои се наоѓа. Тој е многу отворен човек со начинот на кој се занимава со својот бизнис. Кога беше во Јунајтед, чувствував дека мора да го извлечат од клубот. Чувствував дека имаше навистина лош мирис кога беше таму поради начинот на кој беше – вибрациите околу соблекувалната и фудбалскиот клуб не беа добри. Да бидам искрен, не можам да видам некој од врвните клубови да проба да го ангажира.
-Мислам дека некој ќе го ангажира, но мислам дека ниту еден од врвните клубови во Премиер лигата не би го прифатил затоа што, без оглед на талентот што го поседува, има премногу багаж што доаѓа со него. Толку многу клубови ја гледаат личноста на играчот и како тие ќе се вклопат во средината на еден клуб пред да потпишат со нив. Тие не сакаат да ризикуваат да донесат проблематична личност, -порача Хендри.
-
Светски првенства9 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија21 час
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства23 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија16 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија22 часа
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија21 час
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Свет18 часа
Уште еден Македонец може да заврши на островот: Атанасов интересен за клуб од Шкотска
-
Шпанија8 часа
Навивачите на „Бернабеу“ со брутален пречек за еден стартер на Анчелоти: Го исвиркуваат секој негов допир со топката (Видео)