Англија
Хендерсон за свирежите од англиската публика: Јас не сум политичар, секогаш ќе давам се за нашата земја
Џордан Хендерсон и понатаму е на удар од дел од англиската јавност, а причината за тоа е неговата одлука да се пресели во Саудиска Арабија.
Тој си замина од Ливерпул и заврши во Ал Етифак, потег кој не помина најдобро особено кај ЛГБТ заедницата со која Хендо имаше изградено посебен однос и секогаш застанува во нивна одбрана.
Хендерсон доби свирежи од публиката на дуелот со Австралија, момент кој донесе разочаруавање кај репрезентативецот.
-Нема да промени кој сум и што правам за овој тим и за мојата земја. Давам апсолутно сè секој пат. Секој има свое мислење. Сè уште сакам да играм за Англија онолку долго колку што можам и да дадам се за тимот, за мојата земја. Не е убаво ваши фанови да ве исвиркуваат. Но видете луѓето имаат свое мислење. Секогаш кога ќе налетам на некого на улица, секогаш имало позитивни и убави работи.
-Ако луѓето сакаат да исвиркуваат само затоа што играм во друга земја, тоа е во ред. Како што реков, секој ќе има мислење за тоа кога ќе играм во Саудиска Арабија. Во минатото зборував за причините за тоа, дали луѓето ни веруваат или не, зависи од нив. Се разбира дека е разочарувачки, но нема да го промени она што го правам овде. Сакам да продолжам да играм и да продолжам да се борам и да му помагам на тимот да стане успешен.
-Јас не сум политичар. Знаеш што мислам? Нема да навлегувам во политиката. Се што сум направил е да се концентрирам на мојот фудбал и да се обидам да им помогнам на луѓето кои побараа моја помош. Кога одам таму, само играм фудбал обидувајќи се да ја подобрам лигата, се обидувам да го подобрам мојот сопствен тим и се обидувам да победувам во фудбалските натпревари. Истото го правам и кога ќе дојдам овде, -порача Хендо.
-
НБА12 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија6 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Италија8 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА13 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија9 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Шпанија24 часа
Мунуера Монтеро и Белингам со различни верзии за црвениот картон, Џуд може да заработи жестока казна
-
Европски купови24 часа
Алкалоид доби голема поддршка од нашата дијаспора во Италија (ФОТО)
-
Шпанија13 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..