Поврзете се со нас

Свет

Хендерсон за неуспешната авантура во Ал Етифак: Некогаш работите не излегуваат според планираното

Објавено

на

foto: twitter.com/SPL_EN

Џордан Хендерсон по само една полусезона се врати во Европа и до крајот на оваа сезона ќе настапува за Ајакс.

Поранешниот капитен на Ливерпул прифати понуда од саудискиот клуб Ал Етифак за неделна плата од 700.000 фунти, но реши да го прекине престојот во азиската земја со само 17 настапи.

Холандскиот великан ја искористи можноста да го засили средниот ред со искусен фудбалер, а за Хендерсон ова ќе биде можност повторно да ги докаже своите квалитети во трет различен шампионат во кој ќе настапува.

– Претпоставувам дека многумина сакаат и очекуваат да седам овде и да го критикувам проектот на Саудиска Арабија, но јас не се согласувам со нив и нема да зборувам ништо против тој шампионат.

– Имам големо почитување за лигата и за клубот Ал Етифак, за навивачите таму, едноставно понекогаш работите не излегуваат според планираното и таков е мојот случај.

– Таму големи фудбалери кои уживаат во секој момент и планираат да останат долго, но секогаш ќе има такви кои нема да можат да се адаптираат. Како и да е, не планирам да зборувам против првенството и клубот, – рекол Хендерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни