Поврзете се со нас

Англија

Хендерсон успешно опериран, од Ливерпул објавија кога очекуваат да се врати

Објавено

на

Кошмарната сезона за Јирген Клоп и Ливерпул продолжува откако потешка повреда заработи уште еден клучен фудбалер на тимот, Џордан Хендерсон.

Играчот од средниот ред кој во отсуство на Вирџил Ван Дајк и Џо Гомез покриваше и на стоперската позиција се повреди на натпреварот против Евертон и веднаш мораше да оди на операција.

Од Ливерпул сега објавија дека операцијата за санирање на проблемите со препоните завршила успешно и сега се очекува да започне рехабилитацијата на играчот.

Првичните прогнози беа лоши и говореа дека за Хендерсон сезоната е завршена и дека тој можеби нема да се најде и во селекцијата на Англија за претстојниот континентален собир.

Сепак, од Ливерпул сега посочија дека го очекуваат враќањето на Хендерсон за почетокот на април што значи дека фудбалерот би можел да помогне во битката за што повисоко место на табелата во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни