Поврзете се со нас

Англија

Хендерсон си ја отвори душата: Ливепрул погреши кога му даде поддршка на Суарез

Објавено

на

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон изјави дека во таборот на Ливерпул погрешиле кога се решиле да му дадат јавна поддршка на Луис Суарез по инцидентот кој Уругваецот го имаше со Патрис Евра.

Суарез поради расистички навреди кон Евра во 2011 година доби казна од ФА од осум натпревари, а од  Ливерпул јавно застанаа зад него и на секој начин му даваа поддршка.

Дел од Ливерпул беше и тогаш 21 годишниот Џордан Хендерсон кој ја играше првата сезона во клубот, а сега десетина години по тој инцидент се реши јавно да го искаже своето гледиште на ситуацијата.

– Учите од искуствата. Тогаш бев млад фудбалер и тоа беше нешто што навистина го немав искусено дотогаш. Гледајќи од сегашна перспектива не сум сигурен дека клубот реагираше на правилниот начин на сето тоа.

– Бевме насочени како да го заштитиме Луис, но ние навистина не размисливе за Патрис. Мислам дека во клубот направивме грешка уште од самиот старт. Ако луѓето сакаат да ме посочат за нешто, тогаш како играч треба да ја земам целосната одговорност врз себе. Некои ќе речат дека е доцна, но јас би рекол подобро подоцна отколку никогаш, -изјави Хендерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни