Поврзете се со нас

Англија

Хендерсон не сака да остане ниту ден повеќе во Саудиска Арабија, договори трансфер во европски великан!

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Џордан Хендерсон ја шокираше цела англиска јавноста кога пред шест месеци одлучи да го напушти Ливерпул и да замине во Саудиска Арабија, а посебно изненаден беше Јирген Клоп кој не можеше да поверува дека останува без својот капитен.

И покрај околностите, сите во клубот му дадоа поддршка на играчот за врска и му дозволија да замине во земјата која стана примамлива за голем број европски ѕвезди, но трендот кој стана посебно актуелен изминатово лето, очигледно не му донесе среќа на Хендерсон.

Половина година подоцна, Хендерсон не сака да остане ниту ден повеќе во Саудиска Арабија и подготвен е да се откаже од сите пари кои ги заработува таму, па потпомогнат од Стивен Џерард, успеал да ги убеди водечките луѓе на Ал Етифак да го ослободат после само шест месеци.

Угледните англиски таблоиди ова утро информираат дека Хендо добил зелено светло од газдите на Ал Етифак за реализирање на трансфер и напуштање на земјата, а негова следна дестинација ќе биде холандскиот фудбалски великан Ајакс.

Клубот од Амстердам постигнал договор со Хендерсон и сега само чека комплетирање на документацијата, односно неговото пристигнување во Амстердам каде треба да ги мине потребните медицински тестови.

Оваа ексклузива ја пренесе угледниот „Атлетик“, но брзо почнаа да се надоврзуваат и да ја потврдуваат истата и голем број реномирани медиуми од Островот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни