Поврзете се со нас

Англија

Хендерсон: Навистина чудна одлука на судијата, Мане ќе излезеше сам пред голот! (Видео)

Објавено

на

Џордан Хендерсон беше приморан да игра на стоперската позиција во недостиг на играчи кои можат да одговорат на дефанзивните задачи, но мора да се напомене дека капитенот на Ливерпул одлично си ја заврши задачата во друштво на играч кој исто така по природа е везен фудбалер.

Токму поради принудната поставеност на теренот, Оле Гунар Солскјер не штедеше комплименти и го пофали двоецот на Јирген Клоп по крајот на дербито кое заврши 0:0, но од друга страна пак, интересна беше изјавата на капитенот на домаќините кој имаше забелешка за главниот судија на мечот.

Пол Тирни покажа катастрофално судиско чувство и отсвири крај на првото полувреме во ситуација кога Шаќири испрати прецизна топка по која Мане излезе еден на еден, но бидејќи веќе се слушна реакцијата на главниот арбитар, оваа акција не дочека свој крај.

Алкантара не го криеше разочарувањето и веднаш реагираше, а Хендерсон по крајот на средбата нагласи дека реакцијата на Тирни била исклучително чудна.

– Навистина не бевме среќни од таа реакција на судијата, може да замислите каква шанса ќе беше тоа. Тоа беше навистина чудно, навистина многу чудно. Мане ќе тргнеше на гол ако судијата не свирнеше крај. Бевме навистина фрустрирани на полувреме, но сепак тоа не треба да биде оправдување. Во продолжение, имавме доволно време да постигнеме гол, но ни недостасуваше квалитет во завршните моменти, – порача Хендерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни