Поврзете се со нас

Свет

Хендерсон ќе стане најплатен играч во историјата на Ајакс

Објавено

на

Foto: https://twitter.com/_RedsReport

Џордан Хендерсон и дефинитивно решил да ја напушти Саудиска Арабија, оставајќи го зад себе неверојатниот договор според кој добиваше по 700.000 фунти неделно од клубот Ал Етифак.

По многу шпекулации и претпоставки, англискиот фудбалер ќе се пресели во Ајакс, а холандскиот великан е подготвен да стави крај на една долга традиција во однос на платите предвидени за своите играчи.

Британските медиуми пренесуваат изјави од холандски новинари, кои истакнуваат дека Ајакс досега никогаш не издвојувал повеќе од 5 милиони фунти за годишна плата, но е подготвен да му понуди поголема сума на искусниот играч за врска.

Составот од Амстердам е далеку од посакуваната позиција на табелата, а со последните продажби на фудбалери може да си дозволи поголема плата за екс играчот на Ливерпул, со кого договорот треба да биде финализиран деновиве.

Хендерсон одигра 19 натпревари за Ал Етифак, но не можел да се адаптира на првенството на Саудиска Арабија и решил да ја заврши соработката со екипата предводена од Стивен Џерард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни