Англија
Хендерсон го искоментира ставот на Канте и Дини, двете ѕвезди кои одбиваат да се вратат на тренинзи
Враќањето на премиерлигашите на тренинзите донесе измешани реакции во јавноста, но иако најголем дел од играчите со нетрпение чекаа да се вратат на секојдневната рутина, има и такви кои се преплашени од коронавирусот и кои не сакаат да ризикуваат воопшто во дадената ситуација.
Јирген Клоп ги охрабри сите свои исплашени играчи (доколку има такви) да останат дома и дека поради тоа нема да добијат никаква казна, но додека во Ливерпул цел тим е расположен за тренинзи, најзвучни примери за одбивање на тренинг рутината се Нголо Канте и Трој Дини.
Фудбалерите на Челси и Вотфорд не се чувствуваа безбедно и засега не се враќаат на тренинзите, став кој сега го искоментира капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон.
– Максимално го почитувам нивното мислење на оваа тема. Секој е во различна ситуација со своето семејство, ако не се чувствувате безбедно, нема потреба да бидете приморани да доаѓате на работа. Комплетно ги почитувам момците кои не се чувствуваат безбедно, но исто така се надевам дека и тие го почитуваат моето мислење.
– Секој различно ја согледува ситуацијата, но јас се чувствувам многу безбедно во тренинг центарот. Во спротивно, немаше да доаѓам, а истото важи и за соиграчите, – потенцира Хендо за „Скај Спортс“.
-
Лига на нации11 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
Балкан23 часа
Арнаутовиќ ги „запали“ српските навивачи со изјавата која ја даде по поразот на „Маракана“ (Видео)
-
АТП10 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации23 часа
Арда го замолкуваше Собослаи, па ја потврди доминацијата на Турција (Видео)
-
АТП21 час
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)
-
Лига на нации12 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Лига на нации12 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации23 часа
Донарума делеше совети за своите соиграчи, Кимих и Мусиала го повторија „корнерот од Енфилд“ (Видео)