„Хелсинки“ навива за Димитријевиќ и ја пее „Бела чао“ во салата на Хувентуд (Видео)

helsinki-peric

Шпанскиот клуб Хувентуд има навистина богата историја и голема кошаркарска традиција, па не чуди што е вистинска гордост на Бадалона.

Нашиот Нено Димитријевиќ полека но сигурно станува еден од најважните играчи на оваа екипа, а вчера со фантастичен соло-продор го реши и победникот на мечот со Нантер од Еврокупот.

Подоцна стана јасно дека Нено и неговите соиграчи имале поддршка од трибините и од Дарко Периќ, српскиот актер кој се прослави во Шпанија, но и во целиот свет со улогата на Хелсинки во популарната серија „Ла каса де папел“.

Периќ самиот им потврди на шпанските медиуми е голем фан на кошарката и Хувентуд, па и често е во салата, а потврда за тоа е и снимката од претходниот натпревар на оваа екипа, на која Периќ заедно со публиката ја пее „Бела чао“ во верзијата која стана хит откако беше искористена токму во споменатата серија.

Facebook Коментари