Формула 1
Хелмут Марко конечно призна: Леклер навистина импресивно вози!
Германскиот „Моторшпорт магазин“ објави сторија во која Д-р Хелмут Марко даде анализа на моменталната состојба со возачите во Формула 1, осврнувајќи се на кандидатите за седиште во Ред Бул.
Австриецот чија официјална титула е „советник“ во компанијата за енергетски пијалоци, призна дека Алекс Албон има рок во кој мора да се избори за продолжување на довербата во него.
– Ќе видиме како ќе се развие Албон. Засега, Ферстапен и Хамилтон се осамени на нивното ниво, а потоа доаѓа Леклер. Импресивно е какодобро го вози тоа Ферари!
Тој не ги спомна директно имињата на возачите кои се кандидати за седиштето на Албон, туку потврди дека се точни шпекулациите на медиумите.
– Ние не брзаме никаде. Возачите кои ги поврзуваат со нашиот болид, било во англискиот или германскиот печат, и двајцата се слободни. Колку што јас знам, скоро сите други седишта се зафатени. Хаас можеби не им е интересен на сите, но и тие две седишта се повеќе или помалку „зафатени“,- вели Марко.
Медиумите шпекулираат со имињата на Нико Хулкенберг и Серхио Перез, кои би требало да му бидат поддршка на Ферстапен идната сезона доколку Албон потфрли да го подигне нивото. За секој од нив може да се прочитаат аргументи „про“ и „контра“, па така Хулкенберг доаѓа од германското јазично подрачје и може полесно да ја извршува улогата на „втор возач“, додека Перез е се уште активен и во добра форма, па тоа што можеби во моментов има и повисоко ниво отколку другиот пилот не мора да значи дека е предност. Од друга страна, тој би можел да биде линк со богатите спонзори од Јужна Америка, па идните млади таленти од Мексико наместо во академијата на Ферари, да завршат во младинскиот погон на Ред Бул.
-
Шпанија24 часа
Анчелоти за откровението кое најмногу изненади на последните четири меча: Ќе ми биде тешко да го оставам на клупа
-
Англија18 часа
Фудбалер на Јунајтед со нова разочарувачка вест: Боли што мора да го напишам ова…
-
Евролига22 часа
Белград ќе чека нова шанса, Ф4 турнирот во Евролигата првпат ќе биде организиран надвор од Европа
-
Светски првенства22 часа
ФИФА ги одреди шеширите за ждрепката за Светското клупско првенство
-
АТП20 часа
Мајката на Циципас: Ѓоковиќ е Босанец, но избрал да биде Србин
-
Шпанија20 часа
Барселона со „петка“ ја прекина лошата серија, фановите воодушевени од асистенцијата на Јамал (Видео)
-
Германија19 часа
Нојер го доби првиот црвен картон во кариерата на Куп дербито со Баер (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска: Челси ќе доминира во Англија наредната деценија