Поврзете се со нас

Формула 1

Хелмут Марко ироничен: Добро шоу од Мерцедес, го жалам повредениот Хамилтон…..

Објавено

на

Хелмут Марко имаше сериозни обвинувања на сметка на Мерцедес и Луис Хамилтон по контроверзните случувања и судирот по кој Макс Ферстапен заврши во болница, а легендарниот советник на групацијата Ред Бул сега излезе со нов сериозен напад откако од Мерцедес се прогласија за жртви во неделниот инцидент кој се случу на Монца.

Ферстапен и Хамилтон имаа контакт во првиот свијок на италијанската патека и двајцата прерано ја завршија трката, па неколку часа по притисокот кој го создаде Мерцедес за опасното возење од страна на Макс, стјуардите му изрекоа казна на возачот на Ред Бул.

Холанѓанецот ќе стартува три места поназад од она што ќе го избори на квалификациите во Сочи, сценарио кое според искусниот Марко е добро изрежирано шоу од страна на Мерцедес.

– Тоа што се случи во неделата беше обичен тркачи инцидент и ништо повеќе. Сите приказни кои ги слушнавме се измислици од Мерцедес. Ферстапен излезе самостојно од болидот и истото го направи и Хамилтон.

– Потоа почнаа да излегуваат приказни дека жалниот Хамилтон е повреден…. Цело ова шоу е изрежирано од Мерцедес, – потенцира Марко кој смета дека се извршил секаков притисок за да му се изрече казна на Макс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни