Поврзете се со нас

Евролига

Хејс-Дејвис го откажа Реал, па се „прослави“ со неспортски потег (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FBBasketbol

Фенербахче ја прекина мини серијата без победа во Евролигата и тоа со гостинска победа над Реал Мадрид, во натпревар на кој гостите постојано го контролираа резултатот и водството.

Турскиот претставник издоминира на жешкиот терен на „кралскиот клуб“, а вистински лидер на теренот беше Најџел Хејс-Дејвис, кој го заврши натпреварот со 33 поени.

Американецот постигна речиси половина од поените на Фенер, но заслужените комплименти за настапот ги подрасипа со потегот кој го направи во последните секунди.

Хејс-Дејвис ја доби топката во последниот напад и при веќе решен победник, па првично гестикулираше дека само чека крај на дуелот, за сепак да шутне и погоди тројка, за што доби свирежи од домашната публика.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни