Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Хави Мартинез објасни како Барселона може да му наштети на Баерн

Објавено

на

По незаборавни девет години минати во Германија, Хави Мартинез се пресели во Катар и се одлучи за едно комплетно поразлична авантура од она што е навикнат на стариот континент, но бидејќи станува збор за играч кој редовно беше дел од најелитното натпреварување во Европа, сега направи најава за големото дерби кое следи вечерва.

Барселона мора да брка победа против Баерн Минхен на „Алијанц арена“ за да се најде во осминафиналето во Лигата на шампионите, мисија која многумина ја сметаат за невозможна, но не и Чави Ернандес.

Тренерот на Барса вели дека на неговиот тим не му е потребно чудо за да победи кај Баерн, а Хави Мартинез како доскорашен играч на баварскиот великан, ја посочи најслабата точка во тимот на Нагелсман.

– Во фудбалот се е возможно, иако на Барселона нема да и биде лесно. Сепак зборуваме за Барса, иако против себе ќе го има можеби и најдобриот тим во светот во овој момент. Може да биде клучно тоа што Баерн е веќе пласиран и што играчите нема да имаат толку голем мотив за победа, очекувам да играат играчи кои имаат помала минутажа.

– Баерн е моќен и брз на сите страни, напаѓаат со многу играчи и дефанзивните бекови секогаш доаѓаат во нападот. Сепак, со таквата игра, се остава многу простор во одбраната, па така Барса својата шанса треба да ја бара преку брза и прецизна транзиција. Така може да му наштети на Баерн, – потенцира Хави Мартинез во интервјуто за „Мундо Депортиво“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни