Поврзете се со нас

Англија

Хаверц се најде на вистинско место во 86. минута, Арсенал изби на врвот пред големото дерби на „Енфилд“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал го одработи она што го планираше пред почетокот на новата натпреварувачка рунда во Премиер лигата, односно победи на својот натпревар против Брентфорд и сега ќе може релаксирано да го следи исходот од утрешното големо дерби на „Енфилд Роуд“.

Тимот на Микел Артета многу потешко од очекувањата го скрши отпорот на Брентфорд, но најважно е што успеа да го направи тоа со гол постигнат во 86-та минута.

Почетното водство кое го осигураа „топчиите“ преку Деклан Рајс беше недоволно за победа поради огромната грешка на Арон Рамздејл, но киксот од крајот на првиот дел успеа да го заборави со две импресивни интервенции во продолжение.

Голманот на Арсенал спречи пресврт на гостите со две одлични одбрани, а тоа му овозможи на Арсенал да напаѓа во завршницата и да брка гол за победа.

До тоа дојде по центаршутот на Вајт и ударот со глава на Каи Хаверц, кој се најде на вистинско место на четири минути пред крајот и донесе златна победа за „топчиите“.

Арсенал изби на првото место на табелата и сега има бод пред Ливерпул, кој утре го пречекува Манчестер Сити во големото англиско дерби на „Енфилд Роуд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни