Поврзете се со нас

Англија

Хаверц сака да го следи потегот на Вернер

Објавено

на

foto: https://twitter.com/ChampionsLeague

Иднината на Каи Хаверц во Челси е неизвесна, а германскиот репрезентативец веќе размислува да го следи чекорот на својот сонародник Тимо Вернер.

Хаверц инсистира на настап во Лигата на шампионите и тоа е дополнителна мотивација да размислува за разделба со лондонскиот клуб, но и да пронајде заинтересирана страна која ќе може да ја плати отштетата.

Фаворит за потписот на Хаверц е Баерн Минхен, но Баварците ќе треба да исплатат околу 60 милиони евра за да го добијат германскиот напаѓач во своите редови.

Хаверц беше поврзуван со Баерн и во 2020 година, но тогаш тој реши од Баер Леверкузен да замине во Премиер лигата.

Вернер минатата година замина од Челси и се врати во редовите на РБ Лајцпиг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни