Поврзете се со нас

Германија

Хаверц постави рекорд и донесе победа за Баер Леверкузен (Видео)

Објавено

на

Баер Леверкузен победи на гостувањето кај Фрајбург (0:1) и се пробија на третото место во германската Бундеслига.

Единствениот гол на средбата го постигна Каи Хаверц, кој во 54. минута одлично се снајде пред домашниот голман и успеа да реализира, што беше доволно за победа на „фармацевтите“.

Хаверц постави и нов рекорд бидејќи стана прв фудбалер кој во Бундеслигата постигнал 35 голови пред да наполни 21 година.

Баер Леверкузен барем моментално се проби на третото место, со бод повеќе од РБ Лајпциг и еден помалку од второпласираната Борусија Дортмунд, но има и натпревар повеќе.

Борусија во недела му гостува на Падерборн, додека РБ Лајпциг ќе игра во понеделник и тоа на гостувањето кај Келн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни