Германија
Хаверц покажа зошто е најбарана „роба“ во Европа со блесокот против Вердер (Видео)
Каи Хаверц се поврзува со голем број фудбалски великани и во изминатиов период на корона пауза беше „преселуван“ во неколку големи клубови, а зошто е тоа така покажа на првиот меч кој го одигра Баер Леверкузен по рестартот на Бундеслигата.
Младиот Хаверц со два гола го најави триумфот на Леверкузен на гостувањето кај Вердер Бремен, а во шоуто му се приклучија уште Вајзер и Демирбај.
За Вердер, почесниот гол го постигна Гебреселасие кој во тој момент беше израмнувачки за 1:1, но поволниот резултат за домаќините траеше навистина кратко.
Хаверц со својот втор гол со глава погоди за 1:2 пред крајот на првиот дел, Вајзер погоди во 61-та, а конечните 1:4 ги постави Демирбај со шмекерски лоб од непосредна близина.
Леверкузен на овој начин профитираше на табелата и го искористи киксот на Лајпциг, па сега е на само еден бод од четвртото место.
-
Шахпред 10 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 23 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 10 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 8 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 15 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Светпред 12 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ