Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Хаверц им продаде маалска финта на Рамос и Крос и стана вирален хит еден ден по полуфиналето (Видео)

Објавено

на

Според статистиката која ја достави УЕФА, Каи Хаверц е фудбалот кој истрчал најмногу на реванш полуфиналната средба меѓу Челси и Реал Мадрид, оставајќи го зад себе и неуморниот Нголо Канте кој обично е играч кој обично остварува најголема дистанца на клучните натпревари.

Германецот за кој Челси плати цело богатство, конечно почна да прикажува дел од својот раскошен талент под водство на Томас Тухел и беше еден од најдобрите и најпожртвуваните на теренот против Реал Мадрид, но покрај тоа што најмногу истрча и му продаде еден „тунел“ на Тони Крос, им продаде и маалска финта на Тони и Рамос.

Во моментите кога Челси постигна втор гол и го најави своето учество во големото финале, Хаверц не оставаше ништо на случајноста, па успеа да задржува време на доста лукав начин.

Најскапото засилување на Челси од минатиот летен преоден рок со маалска финта ги изработи двете ѕвезди на Реал, а видеото кое беше објавено со мало задодцнување, брзо стана вирален хит меѓу фановите на клубот од Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни