Поврзете се со нас

Англија

Хаверц го избра најдобриот напаѓач со кого играл во кариерата

Објавено

на

Каи Хаверц почна полека да влегува во ритам и да се прикажува во подобро светло како ѕвезда на Арсенал, клуб кој е втор за него во Англија откако претходно ги бранеше боите на Челси.

Поранешниот талент на Баер Леверкузен најмногу ќе се памети во Челси по постигнатиот гол во финалето кое му ја донесе европската титула на клубот од „Стемфорд Бриџ“, па иако во таа етапа соработуваше со напаѓачи како Тимо Вернер, Оливие Жиру, а потоа и со Ромелу Лукаку, сега тврди дека најдобриот напаѓач го сретнал во Арсенал.

Германскиот репрезентативец уверува дека не запознал напаѓач со подобри технички квалитети од оние на Габриел Жезус, бразилскиот центарфор кој имаше неколку брилијантни потези и на мечот со Ленс кој се одигра во текот на оваа недела.

– Морам да кажам дека Габриел е најдобриот напаѓач со кој сум играл. Бев запознаен со неговите квалитети и претходно, но сега ги гледам истите на секоја тренинг сесија.

– Вистинска чест е да се игра со фудбалер со такви технички квалитети, тој е еден од оние играчи кои сами можат да свртат натпревар во корист на својот тим. Затоа мислам дека е најдобриот со кој сум играл, – вели Хаверц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни