Поврзете се со нас

Англија

Хаверц фаќа залет, Артета задоволен: Станува се подобар и подобар…

Објавено

на

foto:twitter.com/kaihavertz29

Арсенал доминираше во пресметката со Ленс и со победата од 6-0 го потврди пласманот во нокаут фазата и тоа како првопласиран тим од групата Б во Лигата на шампионите.

„Топчиите“ имаа шоу против францускиот преставник, шоу во кој свој придонес имаше и Каи Хаверц кој полека, но сигурно фаќа залет и покажува зошто клубот за него издвои големи средства да го ангажира од Челси.

Многу критики имаше на негова сметка во изминативе месеци, ама по последните изданија добива комплименти како од јавноста така и од тренерот Микел Артета.

-Станува се подобар и подобар, има поголема самодоверба. Неговите два гола, голови кои беа важни, бидејќи еден ни донесе победа, а со овој (Ленс) го отвори резултатот. Неговиот севкупен придонес повторно беше навистина, навистина добар, -порача Артета.

Само за потсетување Германецот пред неколку дена стрелаше за славје на Арсенал над Брентфорд во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни