Поврзете се со нас

НБА

Хауард за неуспешната епизода во Лејкерс и препирките со Коби: Не можам да зборувам за него…

Објавено

на

Двајт Хауард минатото лето се врати во Лос Анџелес Лејкерс и во актуелнава кампања пред истата да биде прекината поради коронавирусот имаше добри партии од клупата за резерви во најдобриот тим на Западот кој воедно е еден од најголемите претенденти за пехарот.

Додека се чека информација за тоа дали кога и како би можеле сезонава да биде продолжена, центарот се отвори за првата неуспешна сезона во Лејкерс во натпреварувачката 2012-13. Двајт требаше да биде новиот Шекил О’Нил и да создаде одлично партнерство со Коби Брајант, меѓутоа тоа не функционираше, па така „езерџиите“ иако имаа одличен тим (Гасол, Неш) беа елиминирани уште во првата рунда на плејофот.

По ова Хауард се замина од Калифорнија по што се обидуваше да се пронајде и во други средини, ама никогаш не заблеска како во првиот негов НБА клуб Орландо Меџик.

Низ годините се зборуваше за несогласувањата и лошиот однос кој популарниот „Супермен“ го имаше со Брајант кој при една средба со Хјустон во 2014 година го нарече „мек“. Токму за сето ова центарот се обиде искрено да проговори во разговорот со соиграчот Џеред Дадли.

-Не можам да зборувам за Коби, затоа ќе зборувам за себе. Во таа сезона што ја играв овде, мислам дека имаше многу ега што беше на патот да бидеме екипа што сакавме да бидеме. Знам дека пристапив во таа сезона сакајќи да бидам најдобрата верзија од себе и исто како човек.

-Знаеш јас сум млад, само се чувствував така во тоа време. За мене и Коби беше навистина тешко да комуницираме. Мислам дека бевме само во две различни фази, -рече некогашниот прв пик на драфтот (2004 година)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни