Англија
Хауард Веб за спорниот момент на дербито Арсенал-Сити: Ковачиќ имаше среќа

Хауард Веб бил гостин на „Скај Спортс“ и зборувал за последните контроверзни моменти поврзани со судиите во Премиер лигата, повторно концентрирајќи се на ВАР драмата на дуелот меѓу Тотенхем и Ливерпул.
Првиот човек на судиската комисија најавил дека се преземени дополнителни мерки за во иднина да не се случуваат човечки грешки од ваков тип на дуелите во Премиер лигата, а Веб го коментирал и најспорниот момент на последното дерби меѓу Арсенал и Манчестер Сити.
Матео Ковачиќ стартуваше грубо уште на почетокот на дуелот и доби само жолт картон, а подоцна имаше уште еден груб старт над Деклан Рајс, за кој домашните бараа уште еден картон и исклучување на Хрватот.
– Јасно е дека ВАР не може да се инволвира во вакви ситуации, ВАР не се користи за проверка на жолти картони.
– Но, мислам дека Ковачиќ беше многу среќен фудбалер што остана на теренот.
– Судијата, еден од нашите најдобри и еден од најдобрите светски судии, Мајкл Оливер, сигурно би размислил вторпат ако ја видеше снимката, – објаснил Веб.
-
Англијапред 14 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 23 часа
Де Лаурентис по гала вечерта во Италија: Децата во Неапол научија важна работа
-
Италијапред 17 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Балканпред 17 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Светпред 18 часа
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…
-
Англијапред 24 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Светпред 15 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Европски куповипред 16 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет